The 23rd of September I presented a series of performances at the Open Grafic Art Studio at the Museum of the City of Skopje.
Thanks to the Macedonian curator Jovanka Popova.
Article in the news paper Nova Macedonia before the event
here.
Here the information in Macedonian:
23 септември (четврток), 21 часот
Отворено графичко студио
Презентација на перформерската практика на Henrik Heding и перформанс на тема род и стереотипи
***********************************************************************Луѓе кои се во потрага по својата личност. Луѓе кои се во потрага по пожелно тело или пак се изгубени во своето тело. Вообичаените хетеро начини на живот се менуваат. Хормоните го менуваат телото и личноста, природно или под влијание на загадувањето. Брзиот проток на информации во ерата на интернетот прави да сонуваме или чувствуваме многу повеќе отколку претходно.
Некогаш можеби сте можеле да се почувствувате дека сте маж или жена. Во денешниот нервозен тек на брзи информации желбите и концепциите се менуваат се побрзо. Повеќе нема време за промена на родот. Вашиот род станува константен ток на полови метаморфози. GenderFlux.
Henrik Hedinge (1980) е шведски уметник чиј предмет на интерес е уметноста на перформансот и сродните полиња од областа на видео артот и инсталацијата. Уметнички проекти презентирал насекаде низ Европа и Латинска Америка. Неговата работа, фокусирана на темата на различните начини на промена на телата и полот, прикажана е преку работилници, видео арт, веб перформанси и перформанси.